Утрински Весник
Спорт

Стерлинг во јануари се сели во Барселона

Стерлинг во јануари се сели во Барселона

Барселона ќе се засилува во зимскиот преоден рок. Шпанските медиуми тврдат дека Џоан Лапорта ќе го донесе Рахим Стерлинг на „Ноу Камп“.

Англискиот напаѓач и во финишот на летниот преоден рок се поврзуваше со Барселона, меѓутоа реши да остане во Сити и да се бори за своето место во тимот. Сепак од почетокот на сезона, повеќе е на клупата, што е јасен сигнал дека Пеп Гвардиола ќе му дозволи да го напушти клубот.

Матео Алемани, еден од соработниците на претседателот Џоан Лапорта, минаата недела бил во Манчестер, каде разговарал за можноста, Баса најпрвин да го позајми Стерлинг, а во летниот преоден рок да го откупи неговиот договор.

Се претпоставува дека Сити ќе ја прифати оваа понуда, дури како што тврди ТВ Онсе, Сити ќе прифати во да му исплаќа пола од платата на Стерлинг во првите шест месеци.

Потоа, според овој извор, Барселона би го откупила Стерлинг за 60 милиони евра.

> Стерлинг во јануари се сели во Барселона <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина