Утрински Весник
Свет

„Стелт омикрон“ стигна во регионот, прв случај со новиот подвид откриен во Хрватска

„Стелт омикрон“ стигна во регионот, прв случај со новиот подвид откриен во Хрватска

Во Хрватска е откриена подваријанта на омикрон вирусот BA.2, потврдија денеска од хрватскиот Завод за јавно здравје.

Присуството на подваријантата на омикрон за загрепската телевизија N1 го потврди и заменик директорката на Заводот, Ивана Павиќ-Шиметин.

Станува збор, рече таа, за еден потврден случај.

Два случаја со овој подвид на омикрон во четвртокот беа регистрирани во Словенија.

Британската агенција за јавно здравје неодамна откри повеќе од 400 случаи на подвидови на омикрон, во првите 10 дена од јануари, наведувајќи дека BA.2 е откриен уште во 40 земји, вклучувајќи ги Индија, Данска и Шведска, каде што има најмногу од овие подвидови.

Подваријантата на омикрон BA.2 го доби прекарот „стелт омикрон“ бидејќи било потешко да се открие.

Можете да прочитате

Трамп: Куба побара помош, ќе разговараме со Хавана

Раскол кај британските лабуристи: Над 100 пратеници го поддржаа Стармер, 80 бараат негова оставка

Путин најави распоредување на „најмоќната ракета во светот“ до крајот на годината