Утрински Весник
Економија

Стапи на сила новиот Закон за енергетска ефикасност, подзаконските акти допрва ќе се работат

Energetski Neefikasni Fasadi 1 1068x799

Имплементација на прописите за енергетска ефикасност на ЕУ, поголем обем на работа за енергетските контролори и отежнат начин за исклучување на граѓаните од системите за централно греење се главните предности што ги носи новиот Закон за енергетска ефикасност, којшто денес стапи на сила. Пратениците од собранието го изгласаа овој закон како една од последните точки пред распуштањето на законодавниот дом, со што овозможија во претстојниот период да се работи на уредување на подзаконските акти и на подготовка на идниот Закон за основање на национален Фонд за енергетска ефикасност.

„Енергетските контролори и друштвата лиценцирани за вршење на енергетски контроли конечно ќе можат да отпочнат со работа и со тоа активно да учествуваат во подобрувањето на енергетската ефикасност во нашата земја“, посочуваат од Министерството за економија.

Јавниот сектор во наредниот период ќе треба да ја презеде водечката улога во поглед на подобрувањето на енергетската ефикасност во земјава, давајќи им пример на граѓаните за тоа какви мерки треба да се преземат и кај нивните објекти. Јавните згради ќе треба да се реконструираат нЗаконот ќе овозможи и поголем

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот  

Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на НБ клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“