Утрински Весник
Спорт

„Станувам нервозен, на Влаховиќ му нудиме подобар договор од оној на Батистута“

„Станувам нервозен, на Влаховиќ му нудиме подобар договор од оној на Батистута“

Продолжува сагата околу српскиот фудбалски репрезентативец Душан Влаховиќ и неговото продолжување на соработката со Фиорентина. „Виолетовите“ на Србинот му нудат најдобар договор во историјата на клубот.

„Не знам дали Влаховиќ ќе потпише нов договор. Му понудивме 40 милиони евра бруто плата за 5 години, најголем договор во историјата на клубот, поголем од оние на Батистута и Руи Коста. Тој ризикува, а јас станувам нервозен“ вели претседателот на „виолетовите“ – Рико Комисо.

Влаховиќ се уште одолговлекува со потпишувањето на нов договор, а постојниот му истекува во 2023 година.

За неговите услуги се заинтересирани голем број од европските гиганти, а најконкретен беше Атлетико Мадрид.
Сезонава тој има постигнато 6 гола на 7 натпревари.

> „Станувам нервозен, на Влаховиќ му нудиме подобар договор од оној на Батистута“ <

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен