Приштина, 6 март 2020 (МИА) – Претседателката на Собранието на Косово Вјоса Османи го прими денеска во Приштина претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, со кого ги разгледале можностите за соработка меѓу двата парламенти.
Според соопштението од кабинетот на Османи, на средбата станало збор за можностите за размена на искуства меѓу двата законодавни дома и нивната соработка во заедничките интеративни процеси и регионалните иницијативи.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, спикерите на двата парламенти го нагласуваат значењето на официјализирањето на приемот на Република Северена Македонија за мирот и стабилноста на целиот регион.
– Размената на искуства се оцени дека е од посебен интерес и поради географската блискост. Двајцата соговорници се согласија дека официјализирањето на приемот на Северена Македонија во НАТО придонесува за мирот и безбедносната стабилност во нашиот регион, зе вели во соопштението по средбата Османи – Џафери. иа/нд/