Утрински Весник
Спорт

Сирија ќе има 11-годишна пингпонгарка на ОИ во Токио

Сирија ќе има 11-годишна пингпонгарка на ОИ во Токио

Аман, 6 март 2020 (МИА) – Хенд Заза од Сирија е победничка на азиските квалификации во пинг понг со што избори учество на летните Олимписки игри во Токио. Има само 11 години и ќе биде прва сириска пингпонгарка на Олимпијадите.

Заза во финалето во Аман славеше над 31 година повозрасната Маријана Сахакијан од Либан со 4:3.

Една година повозрасна од неа на плaнетарниот спортски настан во Јапонија ова лето ќе биде Скај Браун кој на возраст од 12 години ќе ја претставува Велика Британија во скејтборд. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ѓоковиќ падна на 12-то место на АТП листата

РФМ ќе поднесе приговор до ЕХФ за несоодветна кратенка за нашата држава

Пораз на македонските ракометари од Грција