Утрински Весник
Македонија

Средба Џафери – Мета: Да се зајакнува и унапредува соработката меѓу двете држави

Средба Џафери – Мета: Да се зајакнува и унапредува соработката меѓу двете држави
Ss2

Претседателот на Собранието, Талат Џафери денеска оствари средба со албанскиот претседател Илир Мета, кој е во посета на државата.

Како што информираат од кабинетот на Џефери, двајцата соговорници истакнале дека билатералните односи меѓу двете земји се на високо ниво и дека постои взаемен интерес и можност за унапредување на истите.

Ss1

„Двете држави ги врзува искрено пријателство и соработка кое во иднина се очекува уште повеќе да се зајакнува и унапредува, бидејќи и на меѓународен план имаат исти цели и интереси, односно: полноправно членство во Европската унија, безбедносна соработка во рамките НАТО и продлабочување на регионалната соработка.

Имајќи предвид дека Република Албанија, од 1 јануари 2022 година е непостојана членка на Советот за безбедност на Организацијата на обединетите нации, Претседателот Џафери упати искрени честитки.

Понатаму, тој истакна дека Република Северна Македонија останува целосно посветена на определбите за европска интеграција и посветено работи на регионална соработка.

Како приоритети од заемен интерес ги посочи, поефикасното искористување на ЕУ фондовите, заедничкото учество во нови проекти во рамките на ИПА 2, но пред сè, работењето на продлабочување на економската соработка преку промоција на стопанските потенцијали и реализација на инфраструктурните проекти кои се значајни за напредокот и стабилноста на Република Северна Македонија и Република Албанија.

Тој го информираше соговорникот за најновите случувања во земјата по одржувањето на локалните избори, како и за изборот на новата Влада што треба да се случи во текот на оваа недела.

Претседателот Мета истакна дека во Република Северна Македонија има консолидирани демократски процеси и дека земјата ги исполнила сите обрски за отворање на преговорите за членство во Европската унија, но сепак тоа не се случило.

Изрази надеж дека што поскоро ќе се надминат недоразбирањата со Република Бугарија и ќе се создадат услови за одржување на Првата меѓувладина конференија за почеток на преговорите за членство во ЕУ“, се наведува во соопштението за средбата испратено од кабинетот на претседателот на македонското Собрание.

Ss1

Можете да прочитате

МАКЕДОНИЈА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ЦИКЛОН: Утре и во сабота свежо и со засилен ветер (над 60 км/час) – Ќе има и врнежи и грмежи, а на највисоките планини и снег – Дожд се очекува и во Скопје

Маричиќ: СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продожување на преговорите со ЕУ

Ковачевски: На изборите победува тој што може да формира влада