Утрински Весник
Македонија

Средба Спасовски-Камп, во фокусот борбата против организираниот криминал

Средба Спасовски-Камп, во фокусот борбата против организираниот  криминал

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со Валтер Камп, регионален директор за Југоисточна Европа на Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал, на која се разговараше за активностите на Министерството за внатрешни работи во борбата против организираниот криминал и корупцијата.

На средбата се разговараше за зајакнување на соработката на Министерството за внатрешни работи со организациите од граѓанскиот сектор, од аспект на постигнување обединетост во напорите и на овие организации и на државните институции со оглед на фактот дека кога се работи за борбата против организираниот криминал и корупцијата, неопходна е заедничка позиција и соработка.

Министерот Спасовски и регионалниот директор за Југоисточна Европа на Глобалната иницијатива против транснационален организиран криминал договорија и воспоставување на конструктивна меѓусебна поддршка и во однос на меѓународните и регионалните организации кон кои има пристапено Министерството за внатрешни работи.

Можете да прочитате

Љутков: По инцидентот во Кочани, вонредна инспекција покажа дека дел од културните објекти се небезбедни за јавноста

Република Северна Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК

Мицкоски оди за Црна Гора на самитот ЕУ – Западен Балкан