Утрински Весник
Македонија

Средба на министерката за труд и социјална политика и директорите на Центрите за социјална работа​

Средба на министерката за труд и социјална политика и директорите на Центрите за социјална работа​
Screenshot

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со директорите на Центрите за социјална работа на ниво на држава, на која се разговараше за потребите и предизвиците со кои тие се соочуваат и нивното понатамошно успешно решавање и надминување.

Pet Utrinski

Министерката Шахпаска во разговор со присутните директори посочи дека достапноста, одговорноста, отчетноста и ефикасноста се принципите врз кои треба да функционираат сите чинители во општествениот систем, за тој да функционира, со посебен акцент на лицата кои се одговорни за решавање на социјалните предизвици, како што се Центрите за социјална работа.

Screenshot

На средбата се разговараше на повеќе теми кои се опфатени во делокругот на работењето на Центрите за социјална работа. Старателството, водење на случај  и неговата имплементација, подготвеноста на Дневните центри за лица со попреченост за повторно нивно отворање, состојбата со капацитет на згрижувачки семејства и мали групни домови, како и интегрирање на социјалните случаи како активни учесници во пазарот на трудот.

На средбата се разговараше и за функционирањето на шелтер центрите, особено за порастот на семејното насилство изминатиов период каде најголем број жртви се старите лица.

„Со поголемото интегрирање на социјалните случаи како активни учесници на пазарот на трудот и нивно  извлекување од сиромаштија покрај тоа што го намалуваме бројот на корисници на социјална помош, им помагаме на овие лица активно да се вклучат во општеството и самостојно да функционираат, што претставува дел од социјалната реформа“, истакна министерката Шахпаска.

Таа повика на поголема вклученост во идејни решенија и реализација на проекти од страна на Центрите, а во соработка со oпштините, за адаптација, реконструкција и градење на домови, градинки, центри и слично, односно поголем обем на капитални инвестиции. Заеднички беше заклучокот дека соработката и поддршката продолжува и понатаму за да се создаде општество кое се грижи заоние на кои им е тоа потребно, со акцент на најранливите категории на граѓани, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија