Утрински Весник
Македонија

Средба Димитров – Дендиас на маргините на Минхенска безбедносна конференција

Средба Димитров – Дендиас на маргините на Минхенска безбедносна конференција
300x250 (7)

Атина, 14 февруари 2020 (МИА) – Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Дендиас, ќе остварат средба на маргините на 56–та Минхенска безбедносна конференција, која што се одржува од денеска до 16 февруари, јави дописничката на МИА од Атина.

Средбата на шефовите на дипломатиите ја најавија од грчкото МНР, во рамките на разговорите што Дендиас ќе ги има со неговите колеги.

Ss1

Како што соопштуваат од нашето МНР, Димитров ќе се сретне и со други министри, како и со високи претставници и учесници на Минхенската безбедносна конференција, на која се очекува да се дискутираат прашања поврзани со хибридните безбедносни предизвици, одбранбената соработка, енергетската безбедност, мултилатерализмот, меѓународната трговија, транснационалната безбедност, како и предизвиците со климатските промени и иднината на Европската Унија и НАТО.

Паралелно, предвидено е министерот Димитров да учествува на повеќе сесии во рамките на конференцијата и тоа: обраќање на панел дискусијата „Нови сојузи за зголемена издржливост во европското соседство“, на тркалезната маса „Координирање, соработка, консолидирање? Придвижување на Западен Балкан напред“, како и на дебатата во организација на Охридската група на тема „Незавршена работа? Европската Унија и Западен Балкан“.

На тркалезна маса за безбедноста на Балканот, ќе учествува и министерот за надворешни работи на Грција.

Минхенската безбедносна конференција, низ пет деценискиот период од своето постоење се етаблира како светски водечки форум за меѓународна безбедносна политика, обединувајќи ги политичките елити и претставниците на академската заедница и на еминентни невладини организации на едно место, каде ќе разговараат за најактуелните безбедносни и политички теми. ср/ац/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Овие пет хороскопски знаци се најголемите нарци

ВИДЕО: Се запали казино во Охрид

Агим Красниќи и уште тројца други македонски државјни уапсени во Косово