Утрински Весник
Македонија

Средба во МНР со амбасадорите од регионот – ќе се усогласува режимот на движење на стоките

Средба во МНР со амбасадорите од регионот – ќе се усогласува режимот на движење на стоките

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – На иницијатива на МНР, шефот на дипломатијата Никола Димитров денеска одржа работен состанок со амбасадорите на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Косово, Словенија, Србија, Хрватска и на Црна Гора во земјава за меѓусебна координација и договор што ќе овозможи непречен транспорт на стоки во регионот.

Како што соопшти МНР, министерот Димитров, кој го водеше состанокот, истакна дека непречениот транспорт на стоки е во интерес на сите држави од регионот и тоа треба да го реализираме со минимален ризик по здравјето на сите вклучени во тој процес.

На средбата, се додава, учествуваа и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, генералната секретарка на македонската транспортна асоцијација Макам-транс, Биљана Муратовска, како и претставници од Министерството за внатрешни работи и Министерството за здравство на Република Северна Македонија.

Од страна на амбасадорите, пак, беа презентирани информации во однос на мерките што се преземени во нивните земји и сите се согласија за создавање усогласен режим на движење во овој кризен период, стои во соопштението. вг/скс/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Раде Штекли нуди плата од 3.000 евра – еве што се бара