Утрински Весник
Македонија

Поради одрони од карпа од синоќа во прекин железничкиот сообраќај меѓу Велес и Битола

Поради одрони од карпа од синоќа во прекин железничкиот сообраќај меѓу Велес и Битола

Велес, 16 март 2020 (МИА) – Железничкиот сообраќај од Велес кон Битола и обратно од синоќа е во прекин поради одрони од карпа на пругата меѓу станиците Стари Град и Мартолци, потврдија од велешката Железничка станица.

Како што информираат за МИА од јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“, на местото на настанот со две машини од утрово работат нивни екипи и најавуваат дека за два дена карпата ќе биде отстранета и пругата повторно оспособена за сообраќај.

Од јавното претпријатие „МЖ Транспорт“ информираат дека поради оваа ситуација, возовите од Велес до Битола и обратно се во прекин, а патничките возови од Скопје за Битола ќе сообраќаат до Велес и обратно, освен утринскиот воз кој од Скопје за Велес тргнува во 6:54 часот.

– Возот од Скопје за Гевгелија кој тргнува во 6:23 часот ќе поаѓа 30 минути подоцна и ќе сообраќа само до Велес, информираат од „МЖ Транспорт“. ад/мс/

фото МИА архива

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штерјова: Владата на Мицкоски ја навредува Европа – Стоилковиќ отворено работи на кинеската и руската агенда

Левица: 39.611 непланирани прекини во една година – ЕВН наплаќа „милиони” за модерна мрежа, додека граѓаните добиваат неквалитетна услуга

СДСМ: Зошто и по шест недели по труењето во Гостивар, извештај за водата не се објавува