Утрински Весник
Македонија

Се почитуваат превентивните мерки при влез во кавадаречката полиција

Повредена жена во фабрика во Кавадарци

Кавадарци, 16 март 2020 (МИА) – Се почитуваат превентивните мерки за влез во кавадаречката полиција при завршување на обврски околу пасоши, лични карти и други документи.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски рече дека со асистенција на полициски службеник, не се дозволува влез на поголеми групи граѓани, со цел превентивно да се влијае против коронавирусот.

Тој нагласи дека влегувањето и излегувањето од полициската зграда е „еден по еден“ и со држење на пропишаното растојание од човек до човек.

Додевски додаде дека на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Велес, кој покрива повеќе општини, доследно се почитуваат владините мерки за превенција од коронавирус. свд/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, преговараме со мултинационална компанија, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Засега нема нови критериуми за пристапување во ЕУ, изјавата на евроокомесарката Кос не се однесуваше на Македонија, вели Мицкоски