Утрински Весник
Свет

Србија годинава ќе почне со домашно производство на вакцината „спутник В“

Србија годинава ќе почне со домашно производство на вакцината „спутник В“

Србија ќе инвестира колку што е потребно за да почне со домашно производство на руската вакцина „спутник В“ до крајот на годината, изјави претседателот на Србија.

Александар Вучиќ за британската агенција „Ројтерс“ изјави дека тој и рускиот претседател Владимир Путин направиле првичен договор околу започнувањето на процедурата за производство, која тој ја опиша како комплицирана и тешка.

Група руски експерти треба да ја посетат Србија следната недела за да разговараат за производството на вакцината „спутник В“ до крајот на годината.

„Ројтерс“ пренесува дека Србија, со над 530.000 вакцинирани, или 7,5 проценти од населението, се наоѓа на четвртото место во светот според бројот на вакцинирани на 100 жители, зад Израел, Велика Британија и САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски најави напади врз руските рафинерии. „Нема веќе ограничувања“

Самит на ЕУ: Скапата енергија ги притиска европските лидери, се бараат итни мерки пред зимата

КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО ИСТАНБУЛ: Морето се спои со копното, автомобили потонаа под вода