Утрински Весник
Свет

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград

Србија воведува нови рестрикции поради коронавирусот, најстрого ќе биде во Белград
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Србија, која веќе два дена е потресена од големи немири, донесени се нови мерки за превенција од коронавирусот. Како што претходно беше најавено, денека состанок одржа Кризниот штаб во земјата.

После седницат, премиерката Ана Брнабиќ ги објави нови мерки.

„Се договоривме да нема мерки за целата територија на Србија, туку да се фокусираме онаму каде што ситуацијата е вонредна и нестабилна, онаму каде што нема потреба да се воведе вонредна состојба ќе ги оставиме граѓаните да живеат и да прават прослави“, рече Брнабиќ.

По ова таа нагласи дека ситуацијата со вирусот е најкритична во Белград.
„Денеска донесовме мерки само за Белград. Целосна забрана за собирање на повеќе од 10 луѓе, на отворено и на затворено. Секој угостителски објект, продавница, аптека ќе мора да има јасно истакнато колку луѓе е дозволено да престојуваат во моментот, а според одредбите тоа е еден човек на четири квадратни метри. Третата мерка е ограничување на работното време на објектите со затворен простор, со забрана која ќе важи од 21 часот до 6 наутро“, рече Брнабиќ и додаде дека сите овие мерки ќе бидат времени, бидејќи штом се создадат услови за нормален живот, тие ќе бидат укинати.

Вчера во Србија беа регистрирани 357 новозаразени и 11 смрни случаи, што, како што рече претседателот Александар Вучиќ во обраќањето до јавноста, е втор најлош ден по бројот на новозаразени од почетокот на епидемијата во земјата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Парализиран воздушниот сообраќај во Москва од нападите на украински  дронови, откажани 300 летови

Повеќе од 200 цивили убиени во етнички напади на РСФ во регионот Дарфур

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула