Утрински Весник
Македонија

Србите ќе бидат ослободени од плаќање на патарини во Македонија поради благодарност за вакцините

Србите ќе бидат ослободени од плаќање на патарини во Македонија поради благодарност за вакцините

Српските граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на патарините во Македонија, во знак на благодарност поради донираните вакцини.

Ослободувањето ќе важи во периодот од 15 јуни до 15 август, кога спрпските граѓани патуваат и во Македонија и во Грција, рече министерот за здравство, Венко Филипче, кој се заблагодари за досегашните донирани вакцини од Србија со кои почна имунизацијата кај нас.

Филипче и српскиот министер за здравство Златибор Лончар, соопштија дека институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ од Белград, Србија ќе биде наш стратешки партнер за идна набавка на вакцини.

Филипче повтори дека во овој момент се обезбедени доволно вакцини за да постигне посакуваниот колективен имунитет, но договорот е битен поради непредвидливоста на пандемијата.

„Многу е веројатно дека оваа пандемија нема туку така да застане. Не знаеме како ќе се одвива, треба да се утврди дали ќе треба и трета доза од оваа вакцина или оваа вакцина ќе стане сезонска. Ние сакавме да обезбедиме сигурен и стабилен извор од кој ќе можеме да добиеме вакцини во моментот кога ќе има потреба“, рече министерот Филипче и објасни дека „Торлак“ ќе биде првото место каде што Македонија ќе се обрати за вакцини, доколку има потреба.

 

 

Можете да прочитате

Панел-дискусија за родова еднаквост и спречување на насилството врз жени и девојчиња

Апасиев со обвинувања за валидноста на дипломата на директорот на АНБ

СДСМ: Полицијата потфрли во превенција на скандалозните настани, Тошковски се уште никаде го нема