Утрински Весник
Македонија

Србинка паднала од зграда во Тетово, во станот бил пронајден кокаин

На 24.08.2022 околу 19.00 часот во СВР Тетово пријавено е дека од балкон во стан на улица „Јане Сандански“ во Тетово, во кој престојувала заедно со О.О.(38) од тетовска Голема Речица, на покрив од угостителски објект во приземјето на зградата, паднала 29-годишната С.Ј. од Република Србија.

dobivaj vesti na viber

Таа била пренeсена во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од екипа на СВР Тетово, при што во станот биле пронајдени и подигнати остатоци од кокаин и други предмети.

По завршување на увидот О.О. е лишен од слобода и по расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Мицкоски: Истрагата во која е опфатен Богоев ќе се проширува

ОЈО бара притвор за сите четири осомничени лицa во акцијата за спорна набавка во Царина

Косовар баран со потерница уапсен на Блаце