Утрински Весник
Култура

„Срам“ – перформанс на Ангела Стојановска во МКЦ, Кино Фросина

„Срам“ – перформанс на Ангела Стојановска во МКЦ, Кино Фросина

На 12 февруари, во Кино Фросина, во Младинскиот културен центар, со почеток во 20 часот ќе се одржи перформансот „Срам“ на Ангела Стојановска.

За перформансот Стојановска вели „Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот кој сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе.“

За уделот на својот перформанс во рамките на јавната дебата за телесноста и физичкиот изглед на жената Стојановска вели „Јас би била среќна ако создадам простор во кој ќе може да дискутираме за тоа дека начинот на кој изгледаме не нè прави ‘помалку’.“

Перформансот „Срам“ е развиван како авторски проект на Ангела Стојановска во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО – ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ.

Платформата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ е финансиски поддржана од The Kvinna till Kvinna Foundation и FRIDA | The Young Feminist Fund и се реализира во соработка со MOT theatre festival.

Авторка и изведувачка: Ангела Стојановска
Креативни соработници: Милош Б. Андоновски, режисер и Ева Камчевска, драматург
Поддршка низ креативниот процес: Викторија Илиоска, изведувачка и кореографка и Билјана Радиноска, режисерка
Извршна продуцентка: Емилија Чочкова
Костим: Раде Василев
Сценографија: Мартин Манев
Дизајн на промо материјал: Матеја Николиќ
Фотографијa на промо материјал: AniDimi
Bodypaint: Bojan Kovski
Времетраење: 60 мин

За безбедност на публиката и екипата, за влез на настанот важат актуелните ковид-протоколи.

Билетите се достапни на https://bileti.mkc.mk/index.php?room=1

Текстот „Срам“ – перформанс на Ангела Стојановска во МКЦ, Кино Фросина е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“