Утрински Весник
Македонија

Според Бојан Јовановски обвинителството не изнело ниту еден доказ, судењето продолжува утре со исказ на Јанева

Судењето за „Рекет“ одложено за 24 април

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Обвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски, денеска пред судот рече дека обвинителството не изнело ниту еден доказ и праша каде се доказите дека земал пари, дека трошел на џипови, гардероба, мебел, патувања и ја финансирал телевизија со пари земени од Орце Камчев.

На крајот од исказот, Јовановски рече дека „се ова треба да се заврши со насмевка на стујардеса на авион со кој знае дека нешто не е во ред, а авионот е овој кривично правен настан“.

За мебелот на Катица Јанева, Јовановски рече дека бил земен преку него.

– Јанева мене ми даде лично пари за гарнитурата, а јас имам дадено каса прими за купениот мебел, изјави Јовановски.

За сликата со парите од неговиот телефон, за што сега го тужи Јанева, Јовановски рече дека одговорно тврди дека во тој телефон има многу фотографии што се направени без никаква посебна цел и се лични.

Дека постои предмет „Империја“ дознал дента кога во телевизијата чиј неформален сопственик беше тој одекнала како вест дека СЈО отворило истрага против Орце Камчев.

– Категорично тврдам дека не сум знаел дека ќе се отвори предмет „Империја“. Сега знам дека целта беше да се злоупотреби моето познанство за да се запре кривичниот прогон и од оваа дистанца знам дека тоа било целта на Зоран Милевски и запознавањето со Орце Камчев, кажа Јовановски.

Нагласи дека за „Империја“ ниту знаел дека ќе се случи, ниту кога ќе се случи.

– Никогаш не сум направил нешто од тоа што беше побарано од мене од Милевски. Ниту сум можел да влијаам на Катица Јанева, ниту некој можел да и влијае. Тоа ќе можев да го докажам ако имаше вештачење на мојот телефон, да видите кој се ми има пишувано дека до Јанева никој не може да допре и дека е решена да оди до крај, изјави Јовановски.

Претходно Јовановски, кажа дека со Катица Јанева се запознал во септември 2018 кога ја барал да биде гостинка во емисија на неговата телевизија.

Конктетно за предметот „Империја“ рече дека се запознал со списите во текот на овој судски процес кога биле презентирани во судница.

За разлика од тоа дека од Катица Јанева не добил никакви информации, рече дека Вилма Русковска често директно го брифирала за нејзините дејствија и за тоа кога и кој ден ќе повикува.

Тој кажа дека имал средби со Русковска во неговата канцеларија, кои биле многу отворени во разговорите и на кои се пиело кафе и алкохол. Неговите тврдења одеа дотаму што ја обвини и за корупција и директна поврзаност со случајот „Дијамед“ за кој рече е директен сведок.

Обвинителката Вилма Русковска, пак, реагираше до судот да го предупреди и порача дека ако некој поседува докази против неа или кој и да е, има институции каде да се пријави, а не на ваков начин да се плука.

Судењето за предметот „Рекет”, почна во декември минатата година. На првото рочиште второобвинетитот Зоран Милевски – Кичеец ја прифати вината и доби осудителна пресуда од три години затвор. На Милевски пред неколку недели му беше укинат и куќниот притвор.

За овој случај Обвинителство за борба против организираниот криминал и корупција, обвинитетите Боки 13 и Катица Јанева ги товари дека со умисла го рекетирале бизнисменот Јордан Камчев (обвинет во предметот „Империја”) за да му се укине мерката притвор во наведениот предмет.

Судењето продолжува утре, за кога треба исказ да даде поранешната јавна обвинителка Катица Јанева. аа/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот