Утрински Весник
Спорт

Специја со играч помалку победи во Неапол

Специја со играч помалку победи во Неапол

Фудбалерите на Специја, на стадионот „Диего Марадона“, го победија Наполи со 2:1, во 16.коло во Серија А.

Наполи доминираа во текот на целиот натпревар меѓутоа неколкуте грешки ги однесоа во пораз. Петања го постигна голот за предност на Наполи во 55.минута. Специја избори пенал по лошата комуникација во одбраната на Наполи, на релација Максимовиќ-Руиз. Сигурен реализатор беше Нзол во 68.минута.

Наполи и покрај примениот гол продолжи со нападите, а кога во Ислаили во 77.минута доби црвен картон, се чинеше дека домашните ќе забележат победа. Сепак, нова грешка направи на Максимовиќ во 82.минута, а играчот на мечот Побега погоди за 1:2.

Македонсиот репрезентативец Елиф Елмас играше од 76.минута.



> Специја со играч помалку победи во Неапол <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Две сребра и една бронза за македонските борачи на Медитеранските игри

Ѓорческа против Јапонката Хонтама на стартот од квалификациите на УС Oпен

Македонските борачи обезбедија две финалиња на Медитеранските игри