Утрински Весник
Магазин

Спајк Ли нема повеќе да оди на натпреварите на Њујорк никс

Спајк Ли нема повеќе да оди на натпреварите на Њујорк никс
Ss2

Њујорк, 4 март 2020 (/) – Режисерот Спајк Ли изјави дека веќе нема да присуствува на натпревари на неговиот омилен НБА-кошаркарски тим Њујорк никс. Причината е кавга со одговорните во салата Медисон сквер гарден.

– Готово е за оваа сезона. Готово!, соопшти Ли за И-ес-пи-ен.

Ss1

Расправијата настанала откако одговорните решиле дека Ли треба да влезе преку влезот за посебни гости, наместо преку оној за вработени. Режисерот, како што самиот тврдел, бил навикнат на вториов, зашто веќе 20 години го користел.

Имено, обезбедувањето настојувало тој да влезе преку другиот влез, па му понудиле и придружба. Но, режисерот одбил со зборовите „Уапсете ме!“ Потоа, тој бил замолен да ја напушти салата. си/ссм/



Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Сок од бозел – еликсир на здравјето

Задржувањето на водата во телото може да влијае на мозокот, очите и белите дробови

Страдате од мигрена? Овие четири природни додатоци можат да помогнат