Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Солидарноста во Европа e темелот врз која се гради идејата за ЕУ и останува ѕвезда водилка и за донаторската конференција „Заедно за Албанија“

Спасовски: Солидарноста во Европа e темелот врз која се гради идејата за ЕУ и останува ѕвезда водилка и за донаторската конференција „Заедно за Албанија“

Скопје, 17 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска се обрати на донаторската конференција „Заедно за Албанија“ во Брисел, што ја организираше Европската Комисија заради санирање на штетите и за ублажување на последиците од катастрофалниот земјотрес во Албанија.

-Солидарноста во Европа e темелот врз која се гради идејата за Европската Унија. Солидарноста беше и останува ѕвезда водилка. Народот во Република Северна Македонија со голема загриженост го дочека утрото на 26 ноември минатата година. Во текот на ноќта постојано доаѓаа информации за силен земјотрес во Албанија во Драч и во околината на овој град, рече Спасовски.

Тој додаде дека уште истиот ден Владата донесе одлука тимови составени од 42 припадници на републичките сили за заштита и спасување, координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, да заминат за Албанија и да помагаат во координираните акции на  спасувачките екипи на локалните власти.

-Нашите тимови добиваа комплексни задачи за прва помош и извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и за санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес. Ги ставија на располагање сите свои капацитети, сите свои вештини за да помогнат да се спаси и да се згрижи секој човечки живот и болка. Покрај тимовите од обучени спасувачи, нашата Дирекција за спасување и заштита упати и механизација, специјализирана техничка опрема, амбулантно возило, медицинска и техничка опрема, како и најсовремена механизација која се користеше за да се дојде до преживеаните под урнатините и да се спаси секој човечки живот, истакна премиерот Спасовски.

Тоа, според него, беше не само професионална должност, тоа беше човечки, солидарен одговор на секој поединец во спасувачките екипи да им се помогне на луѓето, на нашите пријатели во Албанија во неволја.

– Европската Унија, меѓу другото, е заедница на вредности. Една од тие темелни вредности е солидарноста, и оваа конференција потврдува дека земјите членки на ЕУ, ја негуваат и афирмираат оваа вредност. Република Северна Македонија и Албанија не се земји членки на Европската Унија, но грижата што ја покажува Европската Комисија ги охрабрува владите и народите на овие две земји и им дава за право и охрабрување дека прифаќањето на европските вредности е сериозен влог во нивните аспирации еден ден да го остварат својот стремеж и да бидат рамноправни членки на Европската Унија, рече Спасовски.

Тој побара да се исправи грешката од октомври минатата година, и на Советот следниот месец да земјава да го добие долгоочекуваниот старт на преговорите за членство во Унијата. сст/нд/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

СИРИЗА ја осудува провокативната најава од Мицкоски за прекршување на Договорот од Преспа

Генералот Ѓурчиновски во Брисел учествуваше на заседанието на Воениот комитет на НАТО