Утрински Весник
Македонија

Спасовски-Рашков: Нагласена важноста од интензивирање на борбата против организираниот криминал

Ss2

Денеска во Министерството за внатрешни работи на Република Бугарија во Софија, министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, со придружна делегација, учествуваа на билатерална средба со министерот за внатрешни работи Бојко Рашков.

„Како две соседни држави упатени сме на меѓусебна соработка и наш заеднички интерес е да имаме добри резултати и бенефит од ваквата соработка, што е еднакво важно како за министерства за внатрешни работи на двете земји, така и за нашите две држави, но и за регионот“, рече Спасовски, нагласувајќи ја посветеноста на МВР на Република Северна Македонија во унапредувањето и продлабочувањето на билатералната и оперативната соработка со бугарското МВР, во насока на зајакната регионална соработка како еден од главните приоритети, посебно во делот на сузбивање на организираниот криминал, трговијата со луѓе, недозволената трговија со дрога, криумчарењето мигранти и справувањето со илегалната миграција.

Ss1

„Помеѓу двете служби се имплементираат форми на прекугранична полициска соработка содржани во ЕУ Шенген каталогот на препораки и најдобри пракси и во Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ. Токму согласно оваа Конвенција, во 2009 година се воспостави и функционира Заедничкиот контакт центар за полициска и царинска соработка ‘Деве Баир – Ѓуешево’, кој во тоа време беше единствен таков центар помеѓу земја членка на ЕУ и земја која не е членка на ЕУ. Овој контакт центар е единствен уште по еден основ – тој освен за полициска соработка, служи како контакт центар и за царинска соработка“, потенцираше Спасовски.

Ја нагласи и важноста од интензивирање на активностите во борбата против организираниот криминал, преку формирање на Координативно тело на стратешко ниво, претставено од раководителите на организациските единици за борба против организиран криминал и тероризам, со можност за координативни годишни состаноци заедно со јавни обвинители, на кои би се дискутирало за заедничките закани и би се дал приоритет на заедничките активности за справување со тие закани.

Министерот за внатрешни работи на Република Бугарија Бојко Рашков ги оцени како одлични односите во делот на внатрешните работи и безбедноста меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија. Рашков ја сподели увереноста дека активниот и отворен дијалог за сите теми од заеднички интерес ќе биде поддржан и продлабочен и во иднина. Тој пред колегата Спасовски ја истакна важноста од одржувањето на редовни директни контакти, од причина што и двете страни се исправени пред заеднички предизвици за безбедноста, за чие решавање се потребни и заеднички напори. Република Бугарија е подготвена да ја развива и продлабочува билатералната соработка и споделувањето на искуства и експерти од областа на внатрешните работи, како држава членка на Европската Унија. Министерот Рашков изрази увереност за уште поактивна и ефективна соработка во сите области, како што се: сузбивање на организираниот криминал, трговијата со луѓе, нелегалната трговија со дрога, тероризмот, криумчарењето мигранти и справувањето со илегалната миграција.

Ss1

Можете да прочитате

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула

Јакимовски: Власта секогаш ги опијанува ВМРО-ДПМНЕ