Утрински Весник
Економија

Спасовски: Пет милиони евра поддршка за земјоделството

Спасовски: Пет милиони евра поддршка за земјоделството

Скопје, 18 мај 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски претпладнево на својот фејсбук профил посебно ја акцентира планираната поддршка за земјоделството која е дел од третиот владин пакет економски мерки за помош на стопанството.

Мерките, меѓу другото, предвидуваат поддршка на аграрниот сектор од пет милиони евра преку Развојната банка, платежна картичка за субвенционирање 50 отсто од зелената нафта и стимулирање на преработувачите на грозје за производство на нови продукти.

– Овозможуваме и јавни приватни партнерства во лозарството и тутунскиот сектор, воведуваме долгорочен закуп на пасишта, ќе понудиме окрупнување на земјоделско земјиште за поголема конкурентност на македонското земјоделство, воведуваме Програма за финансирање на микро земјоделски компании, како и мерки за модернизација на земјоделството, пишува Спасовски на својот фејсбук профил.

Премиерот вчера на прес-конференција во Владата го соопшти третиот пакет економски мерки за помош на стопанството. мч/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра

Пуштањето на интерконекторот со Грција се планира за 2027 година