Утрински Весник
Економија

Спасовски и Сугарески во увид на далекуводот „ТС Штип – ТС Пробиштип” пред пробното пуштање

Спасовски и Сугарески во увид на далекуводот „ТС Штип – ТС Пробиштип” пред пробното пуштање
Dik 300x250 mk

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и генералниот директор на АД МЕПСО Ева Шуклева денеска, пред пробното пуштање во работа, ќе ја посетат делницата од 110 kV далекувод „ТС Штип – ТС Пробиштип”, во делот од ТС Штип до приклучокот на ИЗ Неокази.

Далекуводот „ТС Штип – ТС Пробиштип” е финансиран со заем од ЕБОР, а инвестицијата за изградба чини 2,45 милиони евра. Далекуводот е со должина од 25,21 километри и претставува капитален инфраструктурен проект што ги поврзува трафостаниците ТС Штип и ТС Пробиштип и е од исклучителна важност за енергетско снабдување на регионот.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Инфлација зголемена на 4.5%, граѓаните скапо ги чинат промашените економски политики на власта, велат од СДСМ

Македонија и Грција на Бизнис-форум во Скопје

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто