Скопје, 24 јуни 2020 (МИА) – Имаме историска одговорност да спроведеме избори кои доликуваат на земја членка на НАТО и на европска демократија – на земја која ја чекори последната фаза од членството во ЕУ. Предвремените парламентарни избори треба да бидат фер, демократски, со максимално почитување мерките за заштита против корона вирусот и без говор на омраза, порача премиерот Оливер Спасовски.
Спасовски на прес-конференцијата утрово во Владата, потенцира дека правото на граѓаните да го искористат своето право на глас, нема да го загрози нивото здравје.
Порача и дека не смее да има никакви злоупотреби во текот на изборниот процес, посебно не од страна на државните функционери, ниту смее да се прекрши врвната опредлеба на преодната Влада – изборите да бидат фер и демократски. Во спротивно, најави, ќе има строги санкции. Казнето ќе биде и секое кршење на заштитните мерки против КОВИД-19.
Надлежните институции ќе добијат максимална поддршка и помош за организација и спроведување на изборите, дополни премиерот, напоменувајќи дека очекува професионална соработка меѓу Владата и Собранието и посебно од Државната изборна комисија (ДИК).
Премиерот уште еднаш повтори и дека изборите се решение за да излеземе успешно од оваа здравствена, социјална и економска криза, што е можно само со целосно фунцкионално институции.
Спасовски апелира сите да придонесат за фер натпревар на изборната програма и еднакви услови, без говор на омраза.
-Од денеска почнува кампањата за изборите на 15 јули. Изборите ќе бидат запамтени зашто ќе се одржат во услови на пандемија. Да си посакаме да ги памтиме и заради нивното успешно спроведување, да биде запишано дека се организирани и спроведени со максимална зашттиа на граѓаните, во фер и демократска атмосфера. Нашата држава се наоѓа во исклучително значаен период кога се очекува непречено фунцкинирање на институциите, а изборите се решение да излеземе успешно од оваа здравствена, социјална и економска криза. На нашата парламентарна демократија, но пред се на јавното здравје и на сите граѓани, потребно ни е ново, активно Собрание и целосно функционална Влада за да може да се носат со сите одлуки за менаџирање на кризата, подвлече премиерот.
Според него, државата и институциите покажаа капацитет да се справуваат со коронавирусот, но следната фаза мора да биде спроведување изборен процес со максимална заштита на сите учесници.
-На 15 јули граѓаните согласно сите мерки за заштита граѓаните ќе го искористат правото на глас. Подготовките се веќе почнати, во тек се сите активности за да се обезбедат неопходните услови согласно протколите за безбедна кампања, за работа на ДИК, избирачките одбори и монитроингот. Правото на граѓаните да го искористат своето право на глас, нема да го загрози нивото здравје. Се повикувам на епидемиолозите кои потенцираат дека гласањето не ги изложува граѓаните на ризик ако ги почитуваат мерките. На гласаките места се задржуваме три до пет минути, поомалку од одење во маркет и на пазар, битно е да носиме маски и да држиме дистанца, рече Спасовски.
Тој уште еднаш истакна дека првпат организираме избори како земја членка на НАТО и земја кандидат во последната фаза за членство во ЕУ за која се подготвува преговарачка рамка.Тоа е, напомена, уште една мотивација повеќе за ангажман изборите да се органзиираат по сите европски стандарди.
-Мора да дојде до израз личната, политичката и професионалната одговорност, да се даде најдобриот придонес за развој и напредок на државата, да отвориме максималне простор за демократската волја на граѓаните да учествуваат во избор на нова легитимна влада која ќе ја води земјава на вистинскит пат. Нашата земја треба да го задржи признанието дека изминатите три години до нвио на препознаен модел го унапреди конепцетот едно, еднакво и праведно општество за сите. Да го дадеме секој својот придонес и во изборната кампања да ги афримираме вредностите -толеранција и разбирање на другиот. Сите политички партии и секој непосреден учесник во изборната трка, секој граѓанин, сите институции, сите заедно да придонесеме за фер натпревар на изборната програма и еднакви услови без говор на омраза, дополни Спасовски.
Тој е дециден дека организирањето фер и демократски избори е врвен приоритет на преодната Влада. Затоа, рече, секое грубо кршење на ова ќе биде санкцинирано од институциите, но и од судот на јавноста.
-Секое кршење на заштитните мерки ќе биде казнето прво од граѓаните зашто сите сакаме кризата да заврши поксоро и да ја поминеме со помали последици. Секоја злоупотреба на државен ресурс за партиски цели ќе биде најстрого санкционирана. Институциите сега се транспарентни, не се како порано заворени и граѓаните имаат целосен увид. Оваа порака ја упатувам најмногу до функционерите и до сите што имаат пристап до државните ресурси.
Со организација на локалните избори во 2017 година, со рефенредумот во 2018-та и претседателските избори лани, се поставија, нагласи Спасовски, стандарди кои не смеат да бидат нарушени и кои ќе бидат водилка за овие избори.
-Особено е значајно граѓаните да учествуваат во изборниот процес во што е можно поголем број. Тие се носители на демократијата, тие ги носат одлуките и ќе ја изберат политичката опција за следните четири години. Очекувам одговорност од сите, функционерите да не ги злоупотребуваат државните ресурси во изборната кампања. Во повеќе изборни циклуси покажавме дека заврши времето на попречување и злоупотреби. Денеска земјата е слободна и демоктраска, се гласа слободно и по свое убедување. На 15 јули ќе имаме демократски избори, здравствено безбедни со мкасимално почитување и примена на пропишаните мрки и протоколи, подвлече премиерот Оливер Спасовски. мч/са/