Утрински Весник
Македонија

Спасовски – Галовеј: Северна Македонија стекнa имиџ на сериозна земја во борбата против миграцијата

Спасовски – Галовеј: Северна Македонија стекнa имиџ на сериозна земја во борбата против миграцијата

Успешната соработка во однос на борбата против илегалната миграција на регионално и на меѓународно ниво беше во фокусот на средбата помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј, која се одржа денеска во просториите на МВР.

Притоа било истакнато дека Северна Македонија, кога станува збор за борбата против илегалната миграција, преставува одличен пример како се стекнува имиџ на сериозна земја.

На средбата, меѓу другото, се разговарало и за важноста од забрзување на процесите за исполнување на НАТО стандардите во институциите во земјава, информираат од МВР.

Двете страни во текот на разговорите ги потврдиле своите заложби за уште поинтензивна соработка во иднина на сите полиња за одржување на безбедноста.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено до 18 часот, три под контрола, седум изгаснати

СДСМ Прилеп: Заради протест на вработените, прилепчани останаа без градски превоз

Во вториот квартал пад од 6,3 проценти на патниците со автобус на годишно ниво