Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Спасовски во телефонски разговор со премиерот на Косово Курти: Да ги координираме мерките за заштита на здравјето на граѓаните, за рестартирање на економиите и за зајакнување на деловните врски меѓу двете земји во новите услови

Спасовски во телефонски разговор со премиерот на Косово Курти: Да ги координираме мерките за заштита на здравјето на граѓаните, за рестартирање на економиите и за зајакнување на деловните врски меѓу двете земји во новите услови
Img 7972

Скопје, 23 мај 2020 (МИА) – Косовскиот премиер Албин Курти во телефонски разговор денеска на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски му изразил честитки и поддршка за начинот на кој земјата се справува со здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот.

Премиерот Спасовски во разговорот со премиерот на Косово, изразил задоволство од соработката со Владата на Косово во овој кризен период.

– Двајцата премиери разговараа за можностите за координирано справување со последиците од пандемијата на КОВИД-19 и во корист на здравјето на граѓаните, за рестартирање на економијата и за зајакнување на деловните врски меѓу Косово и Северна Македонија во нови услови, како и за усогласување на мерките за нормализација на комуникацијата во сите области меѓу двете земји во наредниот период, се вели во денешното соопштение од владиниот Сектор за односи со јавноста.

Во разговорот меѓу премиерите Спасовски и Курти била потенцирана согласноста дека брзата интеграција во ЕУ на сите држави од Западен Балкан, како и интензивната регионална соработка се темел на развојот, сигурноста и иднината на регионот. цр/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Косовец со автомобил удрил во полицаец кој вршел обезбедување на место на сообраќајка во Мала Речица

Андоновски: Работиме на воведување „роаминг како дома“ со Европската Унија

Наставник физички нападнал ученик во основно училиште во Кисела Вода