Утрински Весник
Македонија

Прво авионско прскање против комарци до крајот на месецов во Велес

Прво авионско прскање против комарци до крајот на месецов во Велес
Ss2

Велес, 23 мај 2020 (МИА) – Општина Велес ќе изврши три авионски прскања – аеросолна дезинфекција против комарци од мај до јули, а првото прскање ќе се изврши до крајот на мај, најавија од општината.

Оттаму информираат дека на 12 мај годинава склучиле договор вреден 1,5 милион денари со кумановската фирма за авио услуги „Бониер“.

Градоначалникот Аце Коцевски информира дека прскањето ќе се врши со средството „Цицерон 20“ произведено во Србија.

Со прскањето ќе се опфати површина од две илјади хектари на територијата на опфат на целото градско подрачје на Велес, реката Вардар по целото течение на овој потег и рекреативното езеро „Младост“ со непосредната околина.

300x250 (7)

Тој воедно информира дека преку тендер на Општината, претходно бил избран Центарот за јавно здравје-Велес,  чии стручни екипи веќе извршиле ларвицидно третирање против комарците, кое започнало на 21 март и траело десетина дена, при што била опфатено површина од седум хектари со препаратон „Био прен“ кој е регистриран како безбеден, за што биле потрошени од општинскиот буџет околу 96 илјади денари.

Коцевски информира дека веќе е направена и првата пролетна  дератизација на јавно прометните површини во градот,која е задолжителна два пати годишно,напролет и наесен.

Таа започна на 28 април и траеше 14 дена, а беше опфатена површина од 150 илјади метри квадратни, а што Општината ја чинеше 295 илјади денари,а изведувач на дератизацијата беше  ЈЗУ Центар за јавно здравје. ад/ир

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Сообраќајка кај Градско-четири лица се повредени меѓу кој и двегодишно дете

Мицкоски: Со дигитална трансформација ВМРО-ДПМНЕ ќе направи комуникација помеѓу институциите во Македонија

Ограбиле казино на патот Тетово-Јажинце, па полицијата ги уапси по неколку часа