Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Со убедливи 3-0, МЗТ ја прослави осмата титула

Со убедливи 3-0, МЗТ ја прослави осмата титула
Img 7972

МЗТ Скопје Аеродром стигна до својата осма титула шампион на Македонија, откако го доби и третиот меч од финалето со Еуро Никел, победувајќи со 89:78 (21:23, 25:21, 25:18, 18:16), завршувајќи ја финалната серија со 3:0 триумф.

За „Металците“ ова е осма титула по трофеите во 2012, 2013, 2014, 2015, 2016, 2017, 2019, а исто така е потврда на доминацијата во домашната кошарка, откако оваа година го освоија и Купот на Македонија.

Мечот во „Јане Сандански“, за жал без присуство на публика, започна со минута молк за поранешниот кадетски ракометен репрезентативец, Марко Божионвски, кој почина минатата недела на само 20 години, бидејќи тој беше познат како голем навивач на МЗТ.

Андреј Магдевски беше најефикасен на мечот со 21 поени и 5 скока, Бојан Крстевски додаде 16, додека кај Еуро Никел, Караколев и Рикиќ имаа по 16 поени.

Фото: МЗТ Скопје Аеродром

> Со убедливи 3-0, МЗТ ја прослави осмата титула <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица