Денес завршува Фестивалот на балканската независна театарска сцена – Провокација , кој почна на 27 август.
Вечерва со почеток од 20 часот во чест на наградените, ќе биде одиграна претставата „ Ожени ме“ – на Театар Провокација, а во режија на Роберт Ристов.
Жири комисијата во состав на Звезда Ангеловска, Благој Чоревски – Чоре и Мирјана П. Ристов ги додели сведниве награди:
Специјална награда за извонредно актерско остварување се доделува на Драган Mаринкович – Маца.
Главна машка улога се доделува на Јан Керекеш за улогата на Марс во претставата „Јас бремената“.
Главна женска улога се доделува на актерката Ана Бегиќ Тахири за улогата Ивона во претставата „Јас бремената“.
Наградата за најдобра режија и претстава во целина односно Гранд-при се доделува за претставата „Средба со неочекуваното“ на Театар Гестос – Софија.
Награда за животно дело за развој и афирмација на независната театарска сцена се доделува на: Шенка Колозова за 30-годишната работа со патувачкиот театар –„Театар Колозов“ и Раде Вукотиќ за 30-годишното делување на сцената со „Театар Призор“ – Р. Србија.
Текстот Со претставата „Ожени ме“ се затвора Фестивалот на балканската независна театарска сцена е превземен од МАКФАКС.