Утрински Весник
Технологија

Со новиот редизајн, Фејсбук ја отстранува опцијата за лајк на страниците

Со новиот редизајн, Фејсбук ја отстранува опцијата за лајк на страниците

Социјалната мрежа „Фејсбук“ со новиот редизајн ја отстранува опцијата „лајк“ од страниците на брендови, јавни личности и уметници, се вели во соопштението објавено на блогот на компанијата. Отсега па натаму, фокусот ќе биде само на следбениците.

„Ги отстрануваме лајковите и се фокусираме на следбениците за да го поедноставиме начинот на кој луѓето се поврзуваат со своите омилени страници“, информираат од „Фејсбук“ за редизајнот.

Фото: Фејсбук блог

На Фејсбук страниците ќе бидат прикажани само следбениците и ќе имаат наменски „Њуз фид“, каде што корисниците ќе можат да се приклучат на разговори, комуницираат и да стапат во контакт со обожавателите.

Како што велат од компанијата, и натаму ќе биде достапен синиот беџ за потврда на профил, со цел полесно идентификување на објавите и коментарите од автентични страници и профили.

„Сакаме Фејсбук да биде безбедно место за поврзување со обожавателите, затоа ја подобривме нашата можност за откривање активност што не е дозволена на нашата платформа, вклучувајќи говор на омраза, насилна, сексуална или спам содржина и лажно претставување“, велат од Фејсбук, од каде што додаваат дека коментарите со син беџ ќе бидат во повисокиот дел од коментарите.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

ПРОДАЖБАТА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОМОБИЛИ ВО ЕВРОПА ВО 2023 ГОДИНА ПОРАСНАЛА ЗА РЕЧИСИ 14 ПРОЦЕНТИ

Jana

Новите очила на „Apple“ најверојатно брзо ќе се распродадат

Jana

ЕУ ги казни „Валв“ и пет други компании поради ограничување на продажбата на видеоигри

META