Утрински Весник
Македонија

Скопје за првпат по подолг период со под 10.000 активни случаи на ковид-19

Скопје за првпат по подолг период со под 10.000 активни случаи на ковид-19
Ss2

По подолг период, откако во последните 24 часа беа регистрирани 104 нови заразени и 539 оздравени пациенти, бројот на активни случаи на ковид-19 во главниот град се спушти под 10.000. Министерството за здравство информира дека во последниве 24 часа во Скопје бројот на заразени со корона вирусот изнесува 9.794, кои се водат како активни случаи.

Над половина (53- од новорегистрираните 104 заразени од 918 тестови, се регистрирани во Скопје, а од останатите градови откриени се 13 случаи во Прилеп, 8 во Куманово, 6 во Кочани, 4 во Крива Паланка, по 3 во Виница и Тетово, 2 во Штип, Кавадарци и Неготино и по еден случај во Струга, Битола, Гостивар, Гевгелија, Радовиш и Свети Николе.

300x250 (7)

Во изминатите 24 часа како резултат на болеста ковид-19 која ја предизвикува вирусот, починале 13 лица. Во Македонија до сега се регистрирани вкупно 86.597 случаи на заразени од корона вирусот, од кои 15.970 активни случаи на ниво на држава. До сега починаа вкупно 2.635 лица.

Извор: meta.mk

Ss1

Можете да прочитате

Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито

Променливо облачно, наместа со повремени врнежи од дожд

Три лица, меѓу кои и полицаец, осомничени за разбојништво и противправно лишување од слобода