Утрински Весник
Култура

Со монодрамата на Кармен се отвори Вевчанското лето

Вчеравечер со монодрамата на Кармен од Билјана Драгиќевиќ Пројковска а во режија на Дејан Пројковски се отвори Вевчанското лето.

dobivaj vesti na viber

Манифестацијата ја отвори Градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски кој истакна: „Навистина ми е драго што ова лето успеавме, благодарение на Здружението за афирмација на туризмот, културата и културното наследство – Вевчани Турист Инфо да обезбедиме богата културна понуда за вевчанци, за туристите кои во летниот период доаѓаат во Вевчани и за сите љубители на културата, спортот и уметноста.

Општина Вевчани издвои средства за нешто што навистина заслужува и е важно за една населба како Вевчани. Им благодарам на сите вевчански уметници, културни дејци кои што целосно ја прифатија поканата да соработуваат и одговорија да бидат дел од оваа богата содржина.“

Манифестацијата Вевчанско лето продолжува на 20 јули (Среда) со отворење на ДЕТСКАТА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА од учесниците на летната ликовна школа на колонијата „ Вевчански видувања “ во 20 : 00 часот , во Мултикултурниот центар „ Коста Србакоски “ – Вевчани.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“