Утрински Весник
Македонија

Соопштение од ЈЗУ Здравствен Дом Македонски Брод

Zd Makedonski Brod

По изнесените  написи во поедини медиуми во текот на вчерашниот и денешниот ден кои предизвикаа сомнеж и паника кај населението на Општина Македонски Брод должни сме да излеземе со демант и релевантни информации.

За жал во текот на вчерашниот ден тестот на еден од нашите здравствени работници е позитивен на COVID-19,  контактирани се епидемиолошките служби и утврдено  е дека истиот се заразил во момент кога бил ослободен од неговите работни обврски, со што не ги довел во опасност од зараза останатите здравствени работници во ЈЗУ Здравствен Дом  Македонски Брод.

ЈЗУ Здравствен Дом Македонски Брод од почетокот на кризата со COVID-19 доследно ги спроведува препораките на Министерството за Здравство и СЗО , и благовремено набави доволна количина лична заштитна опрема, средства за дезинфекција и воведе нов режим на работа со внатрешна реорганизација во ЈЗУ Здравствен Дом М.Брод по систем на ротација кој овозможува непречено пружање на здравствени услуги на пациентите и максимална заштита на здравствените работници со што се минимизира опасноста од внатрешно ширење на COVID-19.

До овој момент нема потврден случај на Ковид 19 во Општина  Македонски  Брод.

Затоа апелираме до медиумите и населението да не изнесуваат  невистинити и непроверени информации и со тоа да  не создаваат паника кај населението со изнесување лажни вести.

Ве замолуваме да ги поддржите здравствените работници во борбата со COVID 19 тие работат во интерес на вашето и наше  здравје, да ги почитуваме доследно мерките и препораките на Министерство за Здравство и СЗО.

 

Со Почит

Директор на ЈЗУ Здравствен Дом Македонски Брод

Д-р Жарко Симески

Можете да прочитате

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против инспектори од ДПИ

Приведен крадец во Берово – 24info.mk

Две од трите приведени лица за убиството на докторот во Железара добија куќен притвор