Утрински Весник
Македонија

Во штипскиот регион два дена нема позитивни на Ковид-19, вкупно излекувани седум пациенти

Во штипскиот регион два дена нема позитивни на Ковид-19, вкупно излекувани седум пациенти

Штип, 18 април 2020 (МИА) – Тројца пациенти од Штип денеска влегуваат во бројката на излекувани во земјава. Добра вест е што од 31 заразени со коронавирус во штипскиот регион и официјално се излекувани седум, со што во проценти би изнесувало 22.

Штип веќе втор ден нема позитивни на коронавирус. Од 24 штипјани кои се уште се лекуваат шестмина се здравствени работници, по двајца лекари, медицински сестри и болничари. Три медицински сестри од одделението за Ортопедија кои минатата недела беа изолирани по негативните тестови се враќат на своите работни места, а еден болничар останува во самоизолација. Досега само една жена на 80 години ја загуби битката со вирусот.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека на Инфективно одделение се лекуваат девет пациенти, од кои двајца се од Штип, а останатите се од Кочани. Негативни се тестовите и за петмината пациенти кои се водеа како сомнителни случаи, но поради респираторни проблеми се задржани на одделението и состојбата им се следи. Во моментов имаат примено и еден пациент за кого резултатите се чекаат дали е позитивен на Ковид-19.вдј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алиу: Нема повеќе специјализации по желба на директори и родители

Алиу најави револуција во Итната помош: 100 нови возила, централен систем и лекарска асистенција во живо

Алиу за реконструкцијата на Владата: Не се грижам колку ќе бидам министер, туку што ќе оставам зад себе