Утрински Весник
Свет

Сообраќајна несреќа во Русија учествувал автобус со 20 деца

Сообраќајна несреќа во Русија  учествувал автобус со 20 деца
Dik 300x250 mk

Автобус со 20 деца доживеал несреќа во областа Карелија, засега нема информации за жртви.

Ова за РИА Новости го изјавил претставникот на диспечерската служба на округот.

„Несреќата се случила на три километри од градот Пудож во правец на Каргопољ. Во автобусот имало 20 деца, двајца сопатници и еден возач“, кажал изворот.

Тој рече дека нема информации за жртвите.

Деветнаесет деца од автобусот кој доживеа несреќа се испратени на преглед во болница, нема опасност по нивните животи, соопштиле за РИА Новости во републичкиот оддел на Министерството за внатрешни работи на Руската Федерација.

Според првичните податоци, патот на местото на несреќата бил во задоволителна состојба.

Можете да прочитате

Украинците погодија брана во Русија

Севернокорејската министерка за надворешни работи, Чое во посета на Русија

Еден Србин и двајца Хрвати загинаа бегајќи од германската полиција