Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала умерена облачност

Сончево со мала умерена облачност

Скопје, 23 февруари 2020 (МИА) – Времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од минус седум до нула степени. Максималната температура ќе се движи од седум до 18 степени.

Во следните три дена времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, најизразен долж Повардарието.

Минималната температура ќе се движи од минус три до четири степени. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21 степен. мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник: Еве кои се обичаите!

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Електронските изводи меѓу најбараните услуги, се менуваат законите за институциите да не бараат „хартија“

Седница на Унијата на албански општини низ Балканот – Касами најави Иновативен центар, младите ќе се обучуваат за пазарот на трудот