Утрински Весник
Спорт

Ремзи по победата над СПАЛ: Јувентус чека важна недела, а ова е добар почеток

Јувентус го нуди Ремзи и 50 милиони евра за Погба
300x250 (7)

Ферара, 22 февруари 2020 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Јувентус, Арон Ремзи го сумираше натпреварот од 25. коло од Серија А со СПАЛ (2:1), во кој го постигна вториот гол.

– Секогаш е тешко да се игра на такви места, така што ова е многу добар резултат. Важно беше да се освојат три бода. Не чека важна недела и ова е добар начин да се започне. Позицијата на полу-шпиц е моја, сакав да ја играм, преселувајќи се во Јуве. Настапував  неа во текот на мојата кариера. Тука имам можност да втрчам во шеснаесетникот и да постигнам голови, затоа се чувствувам најудобно на тоа, изјави Ремзи.

Ss1

Тој го искажа своето очекување за натпреварот со Лион во Лигата на шампионите.

– Ќе биде многу важен за нас. Нема лесни средби во Лигата на шампионите. Имаме одличен тим, затоа мора да го постигнеме резултатот што нè интересира. Не е лесно, но можеме да го сториме тоа, нагласи Ремзи за „Скај спорт Италија“. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Струмица е старо-нов првак во одбојка

Рома го доби доиграниот натпревар во Удине

Димитријевиќ е МВП на сезоната во ВТБ лигата!