Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала до умерена облачност

Сончево со северен ветер
Dik 300x250 mk

Скопје, 13 јуни 2020 (МИА) – Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има извесно зголемување на облачноста. Утринската температура ќе се спушти во интервалот од 9 до 16, а максималната ќе се искачи од 22 до 30 степени.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер, претежно од северозападен правец, повремено ќе се засилува. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има извесно зголемување на облачноста. Ќе дува умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 28 степени.

В недела ќе преовладува стабилно време, со умерен до засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови само за изолирана појава на краткотраен дожд. Во почетокот на наредната седмица повторно на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР опомена 150 граѓани кои зборувале на телефон додека поминувале на пешачки

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид

ВЛЕН: Неуспехот не може да се рекалибрира, ДУИ/НАИ се затворено поглавје!