Утрински Весник
Македонија

Сончево со мала доумерена облачност, попладне дожд и грмежи

Сончево со мала доумерена облачност, попладне дожд и грмежи

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Времето ќе биде променливо облачно, претпладне понекаде со локален дожд, а попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=8

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени.

До четврток, претежно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски во Виена на средба со македонската дијаспора: Убеден сум дека само заедно можеме да ја движиме државата напред

Мицкоски ја фрла МРТ во канџите на фантом фирми – Левица повикува да се спречи изборот на Ристоски за директор на јавниот сервис

Бакрески: Постапуваме по решението на ДПИ