Утрински Весник
Македонија

Сончево но студено време со температури до 9 степени

Сончево но студено време со температури до 9 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, студено и ветровито, информираат од УХМР.

Во крајните јужни делови на земјата ќе има зголемена облачност со слаби врнежи од дожд и снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 1, а максималната од 2 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Од недела следува период на постабилно време со умерен до засилен североисточен ветер. Во вторник ќе има зголемена облачност со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег.

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание