Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло со температури до 28 степени

Сончево и топло со температури до 28 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во југозападните делови ќе има појава на локален дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови краткотрајно засилен североисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени. УВ=6

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Синоптичарите за утре прогнозираат повремен локален дожд со ретки грмежи, претежно во југозападните делови. Во деновите потоа ќе биде малку до умерено облачно. Од утре ќе дува и слаб до умерен, а на места краткотрајно засилен ветер најчесто од североисточен правец.

Можете да прочитате

30 и 35 години независност: Неверојатна разлика и во парите и во транспарентноста

Јовица Радески е кандидат на СДСМ за градоначалник на општина Брвеница

Татко и син загинаа во сообраќајка близу скопскиот Аеродром