Утрински Весник
Македонија

Сончево и топло време, од сабота дожд

Сончево и топло време, од сабота дожд

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Ќе преовладува стабилно и топло време. Од петок ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од западен правец.

В сабота ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и на места температурите ќе бидат пониски за неколку степени.

Можете да прочитате

Излегол од домот во Кисела Вода и му се губи трагата – се бара Трајан

Комбе се запали во Кисела Вода

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари