Утрински Весник
Македонија

Сончево и потопло време со температури до 14 степени

Сончево и потопло време со температури до 14 степени

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната од 8 до 14 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Утре ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец. Во западните делови ќе има услови за слаб дожд. Под влијание на влажен бран в недела кон крајот на денот ќе има локални врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите ќе продолжат и в понеделник кога ќе се прошират насекаде и на места ќе бидат пообилни. Ќе дува засилен северен ветер, а дневните температури ќе опаднат за неколку степени.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Уапсен 24-годишен возач од виничко, управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна несреќа

Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО

ВМРО-ДПМНЕ: Паниката и воајеризмот што СДС ги демонстрираше минатата година за време на пожарите, денес се префрлаат на темата со водоснабдувањето