Утрински Весник
Македонија

Сончево време со умерена облачност, температурата до 26 степени

Утре сончево време со засилен ветер

Времето ќе биде сончево со умерена облачност, во западните делови повремено значително облачно со услови за слаб дожд, соопти УХМР.

Ќе дува умерен ветер од западен правец, кој во западните делови повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 11, а максималната ќе достигне од 18 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.

До недела ќе преовладува стабилно време. Од петок ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец што ќе предизвика пораст на температурите. Од понеделник ќе се зголемуваат условите за локална нестабилност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Обвинителството не може кривично да ги гони малолетничките што ја претепаа и снимаа нивната врсничка во Штип

Поради сообраќајна несреќа во прекин е сообраќајот на патот Битола – ГП Меџитлија

Скопјанец доби кривична пријава за даночно затајување, се стекнал со противправна имотна корист 31.433.522,00 денари