Утрински Весник
Македонија

Почнува учебната година

Почнува учебната година

Новата учебна 2020/2021 година почнува денеска, со еден месец одложување. Настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до трето одделение, но и во повисоките одделенија во околу 600 основни и средни училишта кои поднеле барања за ваков тип на настава и добија одобрение од надлежните. Сите преостанати ученици, наставата ќе ја следат онлајн.

Учениците кои немаат компјутер или таблет за да следат онлајн-настава преку платформата на Министерството за образование часовите ќе можат да ги следат на Македонската радио-телевизија, на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни сегменти за секој наставен час.

Часовите ќе почнуваат во 8:30 часот по утврден распоред за секое одделение, подготвен од Бирото за развој на образованието.

„Оваа година е различна од останатите. Апелирам до сите да ги следат здравствените протоколи и наставните планови. Да останеме безбедни, а притоа да им овозможиме на децата да продолжат да учат и да се разиваат“, напиша министерката заобразование, Мила Царовска, на „Фејсбук“.

Според анализите на МОН, околу 40.000 деца немаат соодветни ИТ-уреди.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мајка од Струга ги оставила децата да спијат во автомобил на паркинг

Филипче ќе ја распродава Македонија на рати оти мисли дека така ќе си купи премиерска фотелја

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери