Утрински Весник
Македонија

Сонародниците од Австралија донираа заштитни маски и ракавици за полицајците од регионот на Охрид

Сонародниците од Австралија донираа заштитни маски и ракавици за полицајците од регионот на Охрид
300x250 (7)

Кичево, 27 мај 2020 (МИА) – Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) регион Охрид изминатиов период доби донацијата од членовите на Охридското социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од 1.600 парчиња заштитни ракавици и 1.500 повеќенаменски заштитни маски од наши сонародници во Австралија.

Донацијата е дистрибуирана до полициските службеници во полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.

Ss1

-Со тоа, нашите сонародници од Австралија, покажаа грижа за здравјето на полициските службеници кои деноноќно се на терен и несебично се ангажирани во спроведувањето на полицискиот час, обезбедување на државните карантини и во други бројни и сложени безбедносни мерки за заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19. Донацијата ќе придонесе за подобро опремување на полициските службеници со неопходните заштитни ракавици и заштитни маски и ќе го зголеми степенот на хигиената и безбедноста во нивната работа но и во зачувување на нивното здравје, вели преседателот на Интернационалната полициска асоцијација Стефан Димоски.

Според него, во време на пандемија кога се уште е голема опасноста од коронавирусот, овој хуман и солидарен гест на сонародниците – членови на „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн е вреден за почит.

-Овој гест доаѓа во исклучително важни моменти кога една од најважните препораки е уредбата со законска сила за носење лична заштитна опрема и е нагласена потребата на полициските службеници од заштитни маски и ракавици како начин за нивна поголема заштита од коронавирусот, додаде Димоски. рз/мч/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Ковачевски: Мицкоски и ДПМНЕ играат опасна игра која ќе стави крај на европската, но и демократската перспектива на земјата

Скандалозна порака на владиката Петар: Внимавајте за кого ќе гласате

Битиќи на велигденски јајца кај Спасовски дома (фото)