Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР билтен (ДПЛ)

Скопје, 27 мај 2020 (МИА)  – На 26.05.2020 во 18.30 часот на ул.„Димитрие Чуповски“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(38) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 26.05.2020 во 22.30 часот на ул.„Антон Чехов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(64) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело.

Претходно, неговата ќерка М.Р.(31) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот во семејниот дом на ул.„Антон Чехов“,  по претходна расправија, таа и нејзината мајка К.Р. (62) од Скопје биле физички нападнати од нејзиниот татко С.Р.(64) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.05.2020 во 09.23 часот во СВР Битола било пријавено дека во близина на хотел во Битола бил пронајден Б.К.(63) од Битола за кого на 23.05.2020 неговата сестра С.П.(66) пријави дека се оддалечил од домот.

На 26.05.2020 во 09.10 часот во Полициската станица Делчево било пријавено дека на бул.„Македонија“ во Делчево, В.П.(48) од с.Разловци, делчевско, вработен во ЈПКД-Брегалница во Делчево, додека извршувал работни задачи, паднал и се повредил.

Тој бил пренесен во Итна медицинска помош Делчево каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Делчево. За настанот бил запознаен инспектор за труд и социјални работи.

На 26.05.2020 во 14.35 часот во Полициската станица Центар, С.В.Т. (40) од село Мирковци, скопско пријавила дека на ул.„Кеј 13 Ноември“ била касната од куче скитник.

Во текот на 26.05.2020 на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се двајца возачи поради недавање првенство на пешаци и 20 возила се подигнати со специјално возило „пајак”. сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Едно лице загина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип

На регионот, како и на Македонија и се закануваат локални поројни поплави: Од вечерва, па и во текот на наредната недела силни врнежи, грмежи и временски непогоди

Нападната судијката Кацарска во кафе бар во Скопје