Утрински Весник
Свет

Сомалија прогласи вонредна состојба поради роевите скакулци

Сомалија прогласи вонредна состојба поради роевите скакулци
Img 5587

Сомалија во четвртокот прогласи вонредна состојба поради роевите од новата генерација пустински скакулци што предизвикаа големи штети на земјоделските земјишта, пренесува „Мидл Ист монитор“.

На „Твитер“ сомалиската државна телевизија објави дека Министерството за земјоделство на земјата прогласило вонредна состојба поради инвазијата на скакулци во пустината.

300x250 (7)

Оваа одлука беше донесена на состанокот на сомалиското Министерство за земјоделство, претставници на југозападната држава Сомалија и Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Претходно, Кенија објави дека многу од регионите на земјата биле нападнати од пустински скакулци што доаѓаат од Етиопија и од Судан. Скакулците предизвикуваат сериозна паника кај населението бидејќи тие патуваат 150 км дневно во Источна Африка предизвикувајќи сериозни штети на земјоделските култури.

Извор: makfax.mk

Ss1

Можете да прочитате

Унгарската опозиција протестираше против Орбан

Директорот на ЦИА итно оди во Доха, делегацијата на Хамас го напушта Каиро

Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема